Потпретседателката на црногорската Влада поднесе оставка

Јована Маровиќ / Фото Фејсбук

Потпретседателката на црногорската влада во технички мандат и министерка за европски прашања, Јована Маровиќ, денеска поднесе оставка од таа функција.

Таа ја известила претседателката на Собранието на Црна Гора, Данијела Ѓуровиќ за оставката, објави „Вијести“.

Таа на Фејсбук напиша дека поднела оставка и од функцијата потпретседател на Граѓанското движење УРА.

– Ве известувам дека, по изгласувањето недоверба на 43-та Влада, поднесувам оставка од позицијата вицепремиерка за надворешна политика, европски интеграции и регионална соработка и министерка за европски прашања – напиша Маровиќ.

Таа рече дека позициите во Владата и партијата ги презела со голем ентузијазам и желба процесот на пристапни преговори да се доведе до завршна фаза, а Црна Гора до членство во ЕУ.

– Со оглед на тоа што партиите преку медиумите меѓусебно се прозиваат дека не прават ништо, наместо да седнат да се договорат за клучните прашања и приоритети од важност за демократизација и интеграција, исполнувањето на оваа цел, односно забрзување на европскиот пат, не е можно под овие услови – рече Маровиќ.

Смета дека таа и нејзиниот тим, онолку колку што било можно, со сите ограничувања поради техничкиот мандат на Владата, успеале многу да направат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот