Портрет Ганди - Фото: Принтскрин/Јутјуб

Портрет на Ганди продаден на аукција во Лондон за повеќе од 200.000 долари

Редок портрет на индискиот лидер и борец за независност Махатма Ганди, насликан со маслени бои, е продаден на аукција во Лондон за повеќе од 200.000 долари, пренесува „Н1“.

Портретот е насликан од британската уметница Клер Лејтон во 1931 година, кога Ганди го посети Лондон за да присуствува на втората Конференција на тркалезна маса за уставните реформи за Индија и нејзините барања за самоуправа.

Според информациите од аукциската куќа „Бонхамс“, Лејтон била меѓу ретките уметници кои имале можност да седат со Ганди и да го сликаат, бидејќи била примена во неговата канцеларија и го скицирала неколку пати.

Уметничкото дело било во личната колекција на Лејтон до нејзината смрт во 1989 година. Аукциската куќа не открила кој ја купил сликата, ниту дали ќе биде изложена за јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот