Поразителни состојби: 8.000 работници зеле плата од 1 до 20.175 денари

Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Состојбата се провлекува со години, но државата не е заинтересирана да го реши проблемот, брифираат синдикалците, кои бараат УЈП да ги следи и износите на прикажаните нето-плати и да има казни за фирмите кои не се придржуваат кон обврската да им исплатат плати на вработените

Поразителен е фактот што на крајот на 2023 година зборуваме за 8.000 работници кои зеле плата од 1 денар до 20.175 денари (минималец), реагираше претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Според него, уште една голема направда за работниците е што дури 25.000 од нив живеат само од минималната плата. Оваа состојба е резултат на дупка во Законот за плати која произлегува од можноста придонесите на платите да се платат до 15 во месецот за претходниот месец, а платата за претходниот месец да може да се исплати до 25 во тековниот месец.

-Ова го користат работодавачите како можност воопшто да не исплатат плата, односно да го исплатат долгот кон државата на придонеси на минимална плата и да не исплатат плата на вработените. Во овој случај доколку платата што треба да се исплати е повисока од минималната, губи и државата бидејќи се платени придонеси на пониска плата. Состојбата се провлекува со години, но државата не е заинтересирана да го реши проблемот бидејќи приходот од придонесите државата го собира и не ја интересира дали работникот ќе земе плата – брифираат синдикалците, кои бараат УЈП да ги следи и износите на прикажаните нето-плати и да има казни за фирмите кои не се придржуваат кон обврската да им исплатат плати на вработените.

Министерката за труд и социјала Јована Тренчевска, се согласува дека ова е голем проблем, кој треба да се реши. Од неа и ветувањето дека сите трудови инспектори излегуваат на терен и постапуваат по секоја пријава од работниците.

-Како министерка се залагам да се отстранат ваквите непеправди и ги ќе се бориме со сите сили да ја исправиме – истакна Тренчевска на конференцијата во ССМ, на која беше претставена новата методологија за пресметка на синдикалната кошничка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот