Поразителни податоци од аеродромот во Мостар: Само пет патници во ноември

Архива СП

И покрај надежите и најавите на управата на мостарскиот аеродром дека аеродромот ќе заживее и дека ќе достигне бројка од 100.000 патници годишно, тоа се уште не се случи. Напротив, податокот за бројот на патници е се попоразителен, објави Кликс ба. Во ноември на аеродромот во Мостар поминале само пет патници. Ниту милионските инвестиции не вродија со плод. Гледајќи ја моменталната слика, можеби е губење пари. Пред половина година на аеродромот се одржа јавна церемонија во чест на слетувањето на авион со туристи од Полска.

Минатиот месец низ овој аеродром поминале само пет, а од почетокот на годинава до ноември нешто повеќе од 10.000 патници. Минатиот месец немаше комерцијални летови, бидејќи летната чартер сезона заврши во октомври. Овој ноември аеродромот имаше помалку патници дури и за време на пандемијата во 2020 година, кога бројките беа за 99 отсто помали во споредба со периодот пред коронавирусот.

За споредба, во 2020 година аеродромот примил 1.374 патници, во 2021 година 568 повеќе патници (1.942 патници). Факт е дека годинава имаше пораст, но споредено со три години претходно има пад на бројот на патници за 66,5 отсто, а оваа бројка е сепак далеку под таа од 2014 година, кога аеродромот прими 78.055 патници. Кантоналните, градските и федералните власти годишно плаќаат повеќемилионски суми за одржување и плати на околу 60 вработени.

Велат е голема штета бидејќи пистата во Мостар има најповолни географско-климатски услови во земјава. Откажани се бројни линии поради слаб интерес и недоволен број патници, а аеродромот заработи негативно мислење за ревизијата на финансиските извештаи на Канцеларијата за ревизија на институциите на Федерацијата Босна и Херцеговина за неговото работење минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот