
Поранешниот уредник на „Вог“ повеќе не сака да има никаква врска со Меган Маркл: „Не би го направил тоа повторно“
Поранешниот уредник на британскиот „Вог“, Едвард Енинфул, неодамна даде јасна изјава за неговата соработка со војвотката Меган Маркл. Иако Меган го оствари својот голем сон во 2019 година кога стана ко-уредничка на специјално издание на „Вог“, нивниот однос сега се смета за затегнат.
Препорачано
Енинфул, кој наскоро ќе го лансира своето списание наречено „EE72“, не е заинтересиран повторно да соработува со Меган.
Во интервју за „Дејли мејл“, тој искрено рече: „ Меган и јас се забавувавме одлично со тоа издание, но чувствувам дека завршив со тоа и не би го направил тоа повторно .“
Наместо тоа, тој планира на насловната страница на своето ново издание да ги претстави светските диви како Џулија Робертс и Гвинет Палтроу, како и истакнати личности од кралското семејство како кралот Чарлс и кралицата Камила. Како што истакна, ги дели истите вредности и страсти со нив, што секако звучи како јасна алузија на неговиот затегнат однос со Меган.
Овој став од поранешен соработник, кој некогаш ја нарекуваше Меган „врвна сила за промени“, е јасен знак дека нивните патишта сега се неспоредливо одвоени.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
23мин
-
39мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5