Поранешниот перуански претседател Фуџимори на слобода

Алберто Фуџимори / Фото EPA-EFE/Ernesto Arias

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори, кој отслужуваше 25-годишна затворска казна за кршење на човековите права за време на неговото владеење, беше ослободен од затвор во средата вечерта, откако судот го врати неговото помилување од 2017 година.

Највисокиот суд во Перу во вторникот го одобри барањето за помилување на Фуџимори (85) на хуманитарна основа, и покрај приговорите на Меѓуамериканскиот суд за човекови права и семејствата на луѓето кои страдаа при владеењето на поранешниот лидер.

Фуџимори отслужи околу 16 години од својата казна откако беше екстрадиран од Чиле во 2007 година.

Во врска со неговото помилување, властите наредија итно ослободување од затвор.

Поддржувачите на поранешниот претседател веруваат дека тој го спасил Перу од тероризам и економска пропаст.

Но, неговите критичари велат дека тој ја поткопал демократијата и дека биле извршени прекршувања на човековите права за време на борбата на неговата влада против герилските групи.

Фуџимори беше осуден во 2009 година дека наредил убиство на 25 луѓе во 1991 и 1992 година.

Во 2017 година, сепак, тој беше помилуван. Помилувањето беше постојано поништувано и суспендирано од различни судови, но претходно оваа недела беше вратено од страна на Уставниот суд на Перу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот