Поранешниот командант на „Вагнер“ ќе се појави пред судот во Норвешка

Фото: France 24 / printscreen

Поранешниот командант на руската платеничка група „Вагнер“, кој побегна во Норвешка, денес ќе се појави пред судот во Осло за да одговори на обвиненијата дека бил вмешан во тепачка во кафеана, дека дал отпор при апсењето и дека носел воздушен пиштол.

Андреј Медведев (26) ја преминал руско-норвешката граница во јануари и зборувал за времето кога се борел со руските инвазионални сили во Украина. Тој поднел барање за азил во Норвешка.

Во еден инцидент тој е обвинет дека се степал со друго лице пред бар во Осло на 22 февруари. Кога пристигнала полицијата, се вели во обвинението, Медведев се спротивставил на апсењето и удрил полицаец.

Во одделен инцидент на 14 март, тој е обвинет дека донел пиштол во кафеана.

Медведев ќе се изјасни за виновен по обвинението за носење пиштол, рече неговиот адвокат Бринјулф Риснес, а не е виновен за некои други обвиненија, без да прецизира кои.

„Се надеваме дека ќе избегнеме затворска казна“, изјави Риснес за „Ројтерс“. „Најсериозно обвинение е давање отпор при апсење, за што максималната казна може да биде три години затвор“.

Доколку биде осуден, Медведев не мора нужно да биде протеран од Норвешка.

Општо земено, имиграциските власти изјавија за „Ројтерс“ дека доколку барателот на азил биде осуден за насилно кривично дело, сепак може да се даде дозвола за привремен престој, наместо постојана.

Медведев во меѓувреме продолжи да разговара со Крипос, норвешката криминалистичка полиција, задолжена за истрага на воените злосторства, за неговото време со групата „Вагнер“ во Украина. Русија ги негира обвинувањата за воени злосторства во конфликтот.

Медведев изјави за Ројтерс во февруари дека се борел во Украина, вклучително и во регионот околу Бахмут, во центарот на повеќемесечните жестоки битки меѓу руските и украинските сили кои го уништија градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот