Поранешниот директор на ПОЦ Кичевски објави дека станал секретар за јавни политики во Владата

Поранешниот директор на Паркинзи на општина Центар (ПОЦ), Васко Кичевски, стана Секретар за јавни политики на Владата, објави тој на Фејсбук, заблагодарувајќи му се на премиерот Димитар Ковачевски.

„Со особена чест и задоволство ќе ја вршам функцијата Секретар за јавни политики, координација и следење на програмата на Владата и на други стратешки планови, проекти и инвестиции поврзани со приоритетите на претседателот на Владата на Република Северна Македонија. Му благодарам на премиерот Димитар Ковачевски за укажаната доверба и ветувам дека ќе дадам се од себе да ја оправдам со исклучително одговорно, посветено и чесно работење кое ќе донесе ефикасни и позитивни резултати. Ова е голем предизвик за мене и верувам дека ќе придонесам многу во остварување на стратешките приоритети на Владата кои значително ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните на Република Северна Македонија“, пишува Кичевски.

Во време на мандатот на поранешниот градоначалник на Центар Саша Богдановиќ, Кичевски беше на функцијата директор на ПОЦ, но откако градоначалничката палка ја презеде Горан Герасимовски, беше именуван друг кадар на местото на Кичевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот