Поради технички проблеми СпејсИкс го откажа лансирањето на вселенското летало на Месечината

СпејсИкс / Фото Архива

Планираното лансирање на вселенско летало на Месечината беше откажано на помалку од два часа пред полетувањето што требаше да се случи денеска, соопшти изведувачот на лансирањето, компанијата СпејсИкс.

СпејсИкс, приватната ракетна и сателитска компанија на милијардерот Илон Маск, на платформата Икс соопшти дека тимот за лансирање „се откажал од обидот“ поради непостојаните температури на метанот пред леталото да се наполни со метан.

Компанијата додаде дека следниот обид за лансирање на вселенско летало без екипаж е закажан за утре.

Свемирското летало Одисеј, кое го изгради компанијата „Intuitive Machines“, се подготвува за мисија чија цел е да го изврши првото американско слетување на Месечината по последната мисија Аполо пред половина век.

Лансирањето, исто така, ќе го означи првото патување до Месечината во рамките на програмата Артемис на НАСА, со оглед на тоа што САД имаат за цел наскоро повторно да испратат астронаути на природниот сателит на Земјата, пред Кина да го стори тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот