Фото: Принтскрин/Инстаграм

Популарниот диџеј го очекува второто дете: Уште едно бебе со љубовта на мојот живот

Диџеј Тиесто повторно ќе стане татко. Холандскиот автор на некои од најголемите хитови на електронска музика вчера објави дека со сопругата Аника Бацкес го очекува второто дете. Парот веќе ја има 16-месечната ќеркичка Виола Маргарет.

„Уште едно бебе со љубовта на мојот живот“, напиша 53-годишникот на својот инстаграм-профил покрај неколку фотографии од доделувањето на Греми наградите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiësto (@tiesto)


Неговото вистинско име е Тајс Вервест, а судбоносното „да“ со својата Аника го кажа во септември 2019 година. Во ноември 2020 година преку емотивна порака тој објави дека станал татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiësto (@tiesto)


„Поздравете ја мојата ќерка Виола Маргарет Вервест. Ми дава чувства за кои не сум знаел дека постојат во мене. А нејзината мајка е вистински шампион. Како можеш да бидеш толку убава веднаш по породувањето“, напиша диџејот тогаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот