
Попович, Џентри, Карлајл, Дантони… нема да смеат да ги водат екипите во продолжение од сезоната
Челниците на лигата планираат да им забранат на тренерите постари од 60 години да ги предводат своите екипи.
Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер ја најави можноста за донесување на вакво правило, откако вчера беше одлучено дека сезоната ќе продолжи на 31. јули со 22 екипи наместо 30.
Препорачано
– Ќе мора да работиме на протоколот и да, можно е да им забраниме на постатите тренери да седат на клупата на своите екипи – наведува Силвер.

Според комесарот на НБА лигата, идејата со ваквата можна одлука е да се заштитат постарите тренери од коронавирус. Но, Силвер вели дека ова не е конечна одлука и дека може да се најде некое компромисно решение.
– Можеби ќе можат да бидат со своите екипи во соблекувалните и слично. Не сакаме да бидат во близина на играчите кога ќе започнат натпреварите. Сакаме да ги заштитиме – додава Силвер.
Ова значи дека пет тренери нема да бидат во можност да ги водат своите екипи во Орландо, најпознат помеѓу нив е освојувачот на пет шампионски титули со Сан Антонио, Грег Попович (71 година).
Покрај Попович во ризичната категорија се уште и Мајк Дантони (Хјустон, 69 години), Тери Стотс (Портланд, 62), Рик Карлајл (Далас, 60) и Алвин Џентри (Њу Орлеанс, 65).
– Ова нема никаква смисла… Како да ја водам екипата? Дали се сигурни дали сите помлади од 60 години се здрави – вели Џентри.