Помпео побара Кина под итно да ги ослободи двајцата притворени Канаѓани

epa08186795 US Secretary of State Mike Pompeo attends a joint press conference with Kazakh Minister of Foreign Affairs Tleuberdi following their meeting in Nur-Sultan, Kazakhstan, 02 February 2020. Mike Pompeo is on an official visit to Kazakhstan. EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

Поранешниот дипломат Мајкл Ковриг и бизнисменот Мајкл Сприр минатата недела беа обвинети за шпионажа и откривање државни тајни, а нивното апсење на Запад се смета за притисок врз Отава за ослободување на директорката на „Хуавеи”, Менг Ванжу.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска го повика Пекинг да ги ослободи двајцата Канаѓани, кои во оваа земја се обвинети за шпионажа, и кажа дека САД се „крајно загрижени” за одлуката на Кина да покрене обвинение против Мајкл Ковриг и Мајкл Спавор.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека обвинувањата за шпионажа против Ковриг и Спавор државниот секретар ги оценува како „политички мотивирани и целосно неосновани”.

„САД стојат зад Канада во повикот до Пекинг за итно ослободување на двајцата мажи и ја отфрла употребата на овие неоправдани притвори за да се изврши притисок врз Канада”, наведува Помпео.

Американскиот државен секретар ја поддржа Канада, повикувајќи ја Кина да им дозволи на конзуларните претставници да ги посетат двајцата Канаѓани во согласност со Виенската конвенција за конзуларни односи, бидејќи, додаде, Кина забранила таков пристап речиси шест месеци.

Поранешниот дипломат Мајкл Ковриг и бизнисменот Мајкл Сприр минатата недела беа обвинети за шпионажа и откривање државни тајни, а нивното апсење на Запад се смета за притисок врз Отава за ослободување на директорката на „Хуавеи”, Менг Ванжу.

Менг беше уапсена во Ванкувер на 1 декември 2018 година, на барање на американските власти, под обвинение за кршење на санкциите против Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот