Помпео: Кина не го предупреди навремено светот за коронавирусот

Фото:EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Запрашан дали Кина треба да бидат сметани за одговорни за пандемијата, државниот секретар изјави дека „има потреба од повеќе од една дебата на оваа тема”, а нејзиното разгледување треба да биде од меѓународна големина.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја обвини кинеската Комунистичка партија дека навремено не го предупредила светот за коронавирусот, пишува весникот „Билд”.

„Тие не ни ги дадоа навреме сите информации. За жал, така е”, кажа Помпео во интервју за германскиот весник.

Запрашан дали Кина треба да бидат сметани за одговорни за пандемијата, државниот секретар изјави дека „има потреба од повеќе од една дебата на оваа тема”, а нејзиното разгледување треба да биде од меѓународна големина.

„Сигурен сум дека ќе дојде време кога од виновниците ќе биде побарана одговорност. Но, во овој момент најважното е да се концентрираме врз сегашната наша задача – да ја рестартираме светската економија. Ќе има доволно време за барање на вината”, додаде Помпео.

Американскиот државен секретар уште еднаш го демантираше обвинението што пред неколку дена им го упати Германија, дека САД им конфискувале заштитна облека и маски, од кои германските лекари имаат итна потреба.

„Тоа не е првпат да гледаме неточни информации во медиумите. Со сигурност дел од нив биле малку поневнимателни, претпоставувам дека некои службеници не биле запознати, но, дел од нив намерно дезинформираа”, тврди Помпео за написите дека Американците искористиле правила од времето на Втората светска војна за да ја одземат опремата.

Државниот секретар ја нарече канцеларката Ангела Меркел „прекрасен партнер” и додаде дека САД редовно комуницираат со неа во сегашните времиња на криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот