Помошник на пратеник на АфД во ЕП меѓу уапсените осомничени за шпионирање во корист на Кина

Фото: Илустрација/EPA

Помошник на пратеник на Европскиот парламент (ЕП) од германската екстремно десничарска партија АфД е уапсен во Германија под сомнение дека шпионирал за Кина, објавија денеска германските обвинители.

Џијан Г., обвинет едека ги шпионирал противниците на Кина во Германија и дека со кинеската разузнавачка служба споделувал информации за Европскиот парламент, се наведува во соопштението на обвинителството.

Обвинетиот работел како помошник на европратеникот Максимилијан Крач, кој ја предводи листата на АфД за следните европски избори, закажани за 9 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот