Фото: Принтскрин / Јутјуб / Инстаграм

Поминала низ пеколот: Меган Маркл проговори за сериозните здравствени компликации кои ги имала по породувањето

Враќањето на Меган Маркл во светот на поткастите започна со длабока лична исповед, каде што се отвори за здравствената битка со која се соочила по породувањето.

Имено, за време на интервјуто за поткастот со Витни Волф Херд, основач на апликацијата за запознавање „Бамбл“, Меган Маркл, војвотката од Сасекс, изјави дека доживеала постпородилна прееклампсија, често занемарена и опасна состојба која ги погодува новите мајки.

„Тоа е толку ретко и толку страшно. Згора на сè, се обидувате да жонглирате со сите овие работи, а светот не знае што се случува, тивко. И во тишина, сè уште се обидувате да се појавите пред луѓето, најмногу за вашите деца, а воопшто не ви оди“, истакнала Меган.

Нејзината соговорничка Витни додала: „Мислам се работи за живот или смрт, навистина“.

Состојбата, која се карактеризира со висок крвен притисок и потенцијално оштетување на органите, обично се јавува во рок од неколку дена по породувањето и може да биде фатална ако не се лекува. Прееклампсијата се развива почесто кај жени кои имале висок крвен притисок пред бременоста, кај оние кои имаат дијабетес или некои бубрежни заболувања.

Исто така, почесто се јавува кај постари трудници, трудници со повеќеплодна бременост, но и кај оние кои ги имале истите проблеми во претходната бременост.

Иако Меган не прецизираше дали проблемот следел по раѓањето на Арчи или Лилибет, нејзината одлука да проговори означи значаен момент на транспарентност во однос на здравјето на мајките.

Меган Маркл лично им се извини на клиентите за пропустот на нејзината веб-страница: „Многу ми е жал, но ви ветувам дека …“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот