Полска: Не може да има мировни преговори сѐ додека Русија окупира 20 отсто од територијата на Украина

арослав Качински
Јарослав Качински/ Фото EPA-EFE/WOJCIECH OLKUSNIK

Лидерот на полската владејачка конзервативна партија Право и Правда, Јарослав Качински, предупреди дека не може да има мировни преговори се додека Русија окупира 20 отсто од територијата на Украина и дека поставувањето какви било услови за Украина значи само помагање на Русија.

„Русија окупира 20 отсто од територијата на Украина и Украинците не можат да прифатат таква загуба. Враќањето на териториите е услов за фер преговори. Се разбира, би било добро Русите едноставно да се повлечат и потоа да започнат преговорите. Но, веројатно на тоа не може да се смета и ќе биде неопходно да се вратат тие територии со оружје во рака“, рече Качински синоќа во интервју за полската државна радио и телевизија.

Качински, кој во моментов не извршува никаква друга функција освен лидер на партија, но има поголемо влијание од премиерот и претседателот на државата, нагласи дека национален интерес на Полска е Украина да не биде поразена.

„Падот на Украина би бил огромна опасност за нас и во тој поглед треба да се направи се за таа да не биде поразена. Во границите на нашите можности и секако во соработка со нашите сојузници“, рече Качински.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот