Полицијата врши претрес во домот на словенечкиот министер за економија

Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Словенечките истражни органи со цел да соберат докази околу сомнежите за корупција при набавката на респиратори и медицинска опрема прават претреси на 11 локации, меѓу кои и во домот на министерот за економија Здравко Почивалшек, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според Телевизија Словенија (РТВ), ова претставува своевидна кулминација на двомесечната истрага која почна по емитувањето на емисијата „Тарча” на државната телевизија, каде беа објавени документи и снимени телефонски разговори за наводен системски криминал при осуммилионската набавка на медицинска опрема.

РТВ објави дека криминалистите правеле претрес и во седиштето на компанијата „Генепланет”, преку која се направи набавката на опремата.

Инаку, овој случај беше повод за антивладините протести кои секој петок се одржуваат во Љубљана и другите поголеми градови.

Почувалшек ја „преживеа” и интерпелацијата во Собранието, што му ја поднесоа сите опозициски парламентарни партии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот