Полицијата привела три лица со марихуана и екстази во Градскиот парк во Скопје

Три лица се приведени со марихуана и екстази во Градскиот парк во Скопје. Како што информира полицијата, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк во Скопје ги лишиле од слобода Р. Ц. (29), М. Н. (26) и Ф. Ј. (27) од Скопје затоа што при извршенa контрола, кај нив биле пронајдени марихуана, екстази и бела прашеста материја. Тројцата биле приведени во Полициската станица Карпош и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот