Полицијата повторно со солзавец растерува демонстранти во Хонг Конг

Фото: EPA

Полицијата во Хонг Конг денеска повторно употреби бибер спреј и палки во растерувањето на демонстрантите кои се собраа пред една полициска станица во градот.

Во полициската станица се наоѓале други притворени демонстранти, јавија западните агенции.

Полицајците во опрема за разбивање демонстрациии со палки и штитови излегоа пред зградата на полициската станица за да се соочат со демонстрантите кои веќе со недели бараат поголема демократија  во оваа поранешна британска колонија.

Претходно денеска, полицијата отвори судска постапка против 44 од веќе притворените демонстранти, кои учествуваа во пресметките со полицијата во претходните протести. За таквото кривично дело може да добијат и до десет години затвор.

Протестите во Хонг Конг почнаа поради противењето на граѓаните на предлог законот за естрадиција што предвидува предавање на осомничените криминалци на Пекинг. Противниците на овој предлог закон сметаат дека тој претставува закана за слободите на граѓаните на Хонг Конг, гарантирани во текот на следните 50 години, почнувајќи од 1997 година, кога Кина Кина повторно ја презеде контролата врз оваа поранешна британска колонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот