Полицијата ги заврши проверките, денешните дојави за бомби се лажни

Дојава за бомба во средно Јосип Броз Тито / Фото: Слободен печат - Методиј Здравев

Сите пријави за поставени експлозивни направи се лажни, информира Министерството за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во институции, училишта, хотели и згради во Скопје и едно училиште во Прилеп, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се вели во соопштението.

Утрово на електронски адреси пристигна заканувачка порака за поставени експлозивни направи во Музеј на Град Скопје, Музеј ММБ на Адреса 11-ти март, Скопје, Природнонаучен Музеј на Македонија бул. Илинден 83, Археолошки музеј на Македонија Кеј Димитар Влахов 1000, Спомен Куќа / Музеј на Мајка Тереза, ГТЦ Градски Трговен Центар Скопје, Шопинг центар Ист Гејт Мол, Трговски центар Бисер, Станбена зграда Агора Флатирон, Станбените кули Џевахир, Управен суд на Македонија Даме Груев 6, Скопје, Куќата на Претседателот – Вила Водно.

Дојава за бомба во ГТЦ, претседателската вила, кулите Џевахир и други објекти

Закана за поставен GPS Контролиран цевчест експлозив имаше во хотелите Мериот и Александар Палас, Спортскиот центар Борис Трајковски, Централната Железничка Станица Скопје и Зградата на Фудбалска Федерација на Македонија (ФФМ).

Дојави за бомби пристигнаа и на електронските пошти на 11 училишта во Скопје.

Денешните заканувачки пораки за поставен „експлозивен динамит“ испратени од „американско тло“!?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот