Затворот во Идризово, Фото: МИА

Полицијата фати затвореник избеган од Идризово и го врати во ќелија да ја доиздржи казната

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги вчера околу 21 часот и 15 минути на подрачјето на Центар во Скопје го привеле Б.З.(24) од Тетово.

Како што информира МВР, тој бил баран со потерница поради бегство од Казнено поправна установа- затвор „Идризово“ каде имал за доиздржување казна затвор во времетраење од една година и пет месеци за сторено кривично дело по член 237 ст.4 од Кривичниот законик, а за кое бил осуден на казна затвор од пет години.

Лицето е спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот