Полицијата бара кој го вееше знамето на голема Албанија во Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово презема мерки за идентификување на сторителите кои вчеравечер го вееја знамето на т.н. голема Албанија во Тетово при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, потврдија од МВР за „Слободен печат“.

Косовскиот премиер Курти во Тетово: Билборди само на албански за добредојде, бесплатен паркинг за сите, забава на плоштад…

Градоначалникот на Тетово Билал Касами синоќа организираше голема манифестација за пречек на Курти.

ФОТО: Знаме на Голема Албанија се вееше на собирот во Тетово за дочек на Курти

 

Тој објави фотографии од манифестацијата каде се гледа дека во Тетово некој од присутните веел знаме со картата на голема Албанија. На собирот се вееја и голем број на албански знамиња.

Во врска со случајот за кој прашувате, СВР Тетово презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Слободен печат“.

 

Пендаровски: Организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир мора да бидат законски санкционирани

Инаку, Курти од Тетово порача Северна Македонија да се држи до Косово, Албанија и Бугарија а да се дистанцира од Србија и од српскиот претседател Александар Вучиќ, со цел побрзо да влезе во Европската Унија.

Северна Македонија треба да биде што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија која не се дистанцира од Милошевиќ и од Путин. Вака Северна Македонија ќе биде што поблиску до влез во Европската Унија а нашиот Балкански регион ќе биде побезбеден. Поради ова ние треба да ѝ помагаме и ќе ја поддржуваме Северна Македонија, изјави Курти.

Курти: Северна Македонија да се држи до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија и Вучиќ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот