Покрај „провалијата“ до пешачката патека во Аеродром поставена жичена ограда

Откако пред неколку месеци граѓани алармирале дека до горната пешачка патека на кејот на реката Вардар , позади хотел „Русија постои провалија длабока десетина метри,  покрај дупката е поставена ограда. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов  на денешната прес-конференција, посочи дека ЦУК ги известил Општина Аеродром и Град Скопје за постоењето на ваквата опасност и побарале да биде решен проблемот.

Неколку месеци подоцна по запазување на неопходната процедура од страна на Градот Скопје и Општината Аеродром оградата е поставена. Со поставување на оваа ограда долга околу 200 метри, се гарантира безбедноста на граѓаните, особено во ноќните часови кога осветленоста е многу слаба – рече Ангелов.

Тој ги повика сите граѓани доколку забележат опасност која го загрозува нивниот живот или нивните материјални добра, да се јават на бројот 112 и да ја пријават таа опасност.

Во однос на опасната карпа на Матка, Ангелов објасни дека се следи од Градежниот факултет, наместени се сензори и состојбата е стабилна, а браната „Липа“ во општина Неготино е испразнета и не претставува опасност за граѓаните. Поправена е и големата дупка на мостот кон Драчево, додека на мостот кон Визбегово е направена ограда, но според Ангелов, тој сѐ уште не е обезбеден како што треба.
Ангелов информира и дека ЦУК одржал седум координативни средби со надлежните институции и здруженија на граѓани за надминување на проблемот со бездомни кучиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот