Фото: JosiahW / Backgrid USA / Profimedia / MD1 / Backgrid UK / Profimedia

Покрај безживотното тело на девојката на Џим Кери пронашле писмо: Преку ноќ животот му се претвори во пекол

Познатиот актер Џим Кери имаше почит, слава и богатство, сè додека не почна да излегува со шминкерката која беше доста помлада од него, а потоа почна се да се распаѓа.

Кери кој тогаш имал 50 години започнал љуобовна врска со Катриона Вајт, која имала 27 години и била шминкерка на славни личности. Нивната врска траела три години, од 2012 година до нејзината трагична смрт во 2015 година.

Во текот на една ноќ во својот дом, Катриона  се предозирала со лекови на рецепт.

По погребот, следел судски спор помеѓу актерот и сè уште законитиот сопруг на Катриона, кинематограферот Мајкл Брутон, кој го обвини актерот дека е одговорен за нејзината смрт.

Една година по смртта на Вајт, нејзиното семејство го тужеше Џим за злоупотреба на неговото „богатство и статус на славна личност“. Тие тврдеа дека Кери незаконски ги набавил лековите на рецепт што довеле до смрт на Катриона. Го обвинија и дека и нанел душевна болка која ја довела до самоубиство.

Се и појавија нејзините белешки во кои самата Катриона во кои тврди дека актерот ја водел во развратен живот полн со секс и дрога и ја „заразил“ со херпес.

Две години пред нејзината смрт таа напиша: „Ти направи добри работи за мене, но тоа што бев со тебе ме скрши како личност. Ти ми вети Џекил, а јас го добив Хајд. Бидејќи те сакам, би го трпела Хајд една година и би направила сè што сакаш да бидам со Џекил. Но ти ме отфрли кога ми зеде сè што е вредно“.

Таа пишувала и за болеста што и ја пренел и срамот што го чувствувала.

„Пред тебе можеби немав многу, но имав почит, бев среќна личност. Го сакав животот, бев самоуверена, се чувствував добро во своја кожа и се гордеев со повеќето одлуки што ги донесов. Откако те запознав тебе ти ме запозна со кокаин, проститутки, ментална злоупотреба и болест“.

Тој и одговорил: „Не сакам повеќе да зборувам, готово е, премногу драматизираш“.

Џим Кери на тужбата на нејзиното семејство одговорил со противтужба, тој рекол дека и платил на девојката тоа што го барала поради нејзината болест, па побарал три пати повеќе пари од првобитната спогодба од нејзината мајка и законскиот сопруг.

Тој рече дека Вајт е „убава, но незрела и емотивно оштетена жена“ и дека нејзиниот адвокат сакал да ја искористи нивната топла и возбудлива врска за пари. Тој кажа и дека му се заканувала дека јавно ќе каже како ја заразил, иако тоа не било вистина. Неговиот адвокат тврдеше дека таа го искористила тестот на нејзината пријателка за да ја докаже лагата.

Односот меѓу актерот и Вајт бил повеќе од турбулентен, па иако раскинале тие се смириле и таа се преселила кај него.

Кери изјавл дека таа се вознемирила поради договорот за тајност кој ја замолил да го потпише и дека била среќна до нејзиниот 30-ти роденден (14 септември). Ја вознемирила и пораката на нејзината мајка на Фејсбук во која вели дека е безвредна и дека никогаш нема да постигне ништо, тврди тој и истакнал дека тоа и сознанието дека го уценувала ја навело да се самоубие.

Вајт напиша неколку проштални писма. „Го сакам Џим и жал ми е што внесов немир во неговиот живот“.

Меѓутоа, во писмото кое таа го испратила до адвокатот пишувало дека тој ќе одговара за нејзината смрт.

„Сакам да се соберете и да објавите во медиумите сè за физичкото малтретирање, менталното малтретирање и болестите што ми ги нанесе Џим. За жал, немам зборови да ставам на хартија, премногу отупев“.

Последното писмо за збогум било наменето за Џим Кери, не пишува дека му се налутила, но изјавила дека имале проблеми, а писмото било пронајдено покрај нејзиното тело.

„Џим, мислев дека се избравме. Верував дека тоа значи нешто, дозволив да се опуштам во твојата прегратка и да бидам сигурна во една работа … во нас. И дека ако сè тргне наопаку, ќе се имаме еден со друг. Поминав три дена во неверување дека те нема. Мислев, кога те видов, дека сè ќе биде повторно во ред, но не беше така, те сакам, те молам, прости ми, едноставно не сум за овој свет. Мир и љубов во сите ваши срца“.

Пред да биде пронајдено нејзиното тело, тој и испратил СМС-порака во која ја прашал каде отишле неговите апчиња против болки. Обдукцијата покажала дека причина за смртта е коктел од тие и други лекови.

Несреќната девојка во станот ја пронашле нејзините пријатели откако трето лице им кажало дека раскинала со Џим Кери, пишува „Стил“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот