Погба повторно шокира, крај на соработката со контроверзниот агент?

EPA-EFE/Peter Powell

Пол Погба не е задоволен сезонава, не само со Манчестер јунајтед туку и со луѓето кои се грижат за неговата кариера.

Пол Погба и понатаму една од главните вести во медиумите во Англија откако неговиот агент Мино Рајола изјави дека Французинот нема да го продолжи договорот и дека сака да си замине од Манчестер јунајтед.

Тоа речиси сите фанови и медиуми го знаат, но тајмингот на изјавата на Рајола е неверојатен, пред најважниот натпревар сезонава на Јунајтед против Лајпциг во Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“ загубија со 3:2 во последното коло од групната фаза во ЛШ и на пролет ќе играат во Лигата на Европа.

Очекувано, навивачите на Јунајтед се гневни на Погба бидејќи не ги демантира зборовите на својот агент и бараат тој што побрзо да го напушти „Олд трафорд“. Како една од опциите за Погба е враќање во Јувентус, а во спротивен правец би дошол Кристијано Роналдо.

Но, желбата на Погба е поинаква од таа на навивачите и сака да игра за Зинедин Зидан во Реал Мадрид. Зидан сака да го види сонародникот на „Сантијаго Бернабеу“ но проблем прави претседателот Флорентино Перез кој нема намера да соработува со Мино Рајола и да му исплати голема провизија.

Денеска германскот „Билд“ пишува дека односите меѓу Погба и Мино Рајола не се добри, Французинот смета дека неговиот агент претерува. Погба сака да си замине од Јунајтед, не верува дека англискиот тим може да направи тим кој ќе се бори за титулите во Премиер лигата и во ЛШ, но не се согласува со методите на својот агент кој внесува немир. Бидејќи Рајола токму на тој начин функционира и нема намера да се менува, „Билд“ пишува дека Погба сериозно размислува за промена на својот агент.

Погба се сомнева дека Рајола може да му донесе нов договор од 15 милиони евра годишно, а е подготвен да игра за помала плата во Реал Мадрид, но тој трансфер нема да се реализира поради нетрпеливоста на Перез кон Рајола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот