Поетското и прозното творештво на Наташа Сарџоска ќе бидат претставени во Штутгарт

Настанот ќе се одржи на покана на здружението „Данте Алигиери“

На покана на Здружението „Данте Алигиери“ од Штутгарт, на 23 февруари во Италијанскиот културен институт во Штутгарт, свое книжевно претставување ќе има македонската писателка, поетеса, преведувачка и антрополог, Наташа Сарџоска.

Книжевниот разговор со неа ќе го водат професорките по италијанска книжевност од Универзитетот во Штутгарт, Сабрина Мааг и Симонета Пулејо, која е воедно и Претседателка на здружението.

Во рамки на книжевниот разговор на италијански јазик со Наташа Сарџоска, како двојазичен автор, ќе се промовира и нејзината поетска книга „Крстна коска“, која во нејзин автопревод ја објави италијанскиот издавач „Интерно Поезија“.

Освен за својата поезија и проза, Сарџоска ќе говори и за книжевните преводи од италијански на македонски јазик, за нејзините студии и живот во Италија, за влијанието на Италија врз нејзиното поетско и прозно творештво, како и за блискоста кон италијанската култура и јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот