Почнува пописот на населението во Косово

Знаме на Косово
Знаме на Косово / Фото: EPA-EFE/PETRIT PRENAJ

По повеќе од две години одлагање, во Косово денеска ќе започне пописот на населението, домаќинствата и становите/куќите, вклучително и на северот на земјата, населен со мнозинско српско население, во процес кој ќе трае шест недели, односно до 17 мај годинава.

Во пописот ќе бидат ангажирани околу 3.500 попишувачи и 891 набљудувач, како и персоналот на Агенцијата за статистика на Косово (АСК).

Овојпат има седум прашалници што треба да се пополнат, а во овој попис е додаден и прашалникот за штетите од војната во 1998-99 година и прашалникот за регистрација на дијаспората.

Собирањето на овие податоци АСК го оправдува со важноста за градење подобри политики за државата, планирање на буџетот и инвестициите, подобрување на условите за живот во земјата и за странски инвестиции.

Според законот, секој жител на Република Косово е должен на попишувачот да му ги достави сите точни податоци во прашалниците за пописот на населението.

Прелиминарните резултати од пописот се очекува да бидат објавени во рок од три месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот