
Почнува АБА 2 лигата: МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ во трка за место во јадранската елита
Двата македонски претставници имаат свои амбиции во регионалната АБА 2 кошаркарска лига. Со одигрувањето на два натпревари од првото коло, и официјално стартуваат возбудувањата во натпреварувањето во кое боите на нашата земја ќе ги бранат актуелниот шампион, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, и ланскиот финалист на плејофот, ТФТ од Скопје.
Препорачано
Оваа сезона, АБА 2 лигата ќе брои вкупно 16 учесници, групирани во четири натпреварувачки групи, според моменталниот квалитет, и секоја од групите претставува балансиран микс на противници за секоја екипа. Секоја екипа која испрати пријава за учество, ќе одигра по осум натпревари во првата фаза од лигата. Сите мечеви во регуларниот дел од сезоната ќе се играат во вторник, односно во среда, со цел да нема посериозни поместувања во календарот на националните шампионати.
Денеска од 18.00 часот црногорската Подгорица ќе се соочи со Борац Бања Лука од Босна и Херцеговина, додека од 20.00 часот МЗТ Скопје Аеродром е домаќин на Вршац од Србија. Првиот натпревар на екипата на ТФТ е закажан за 13 октомври, кога во Загреб, Хрватска, ќе му гостува на поранешниот европски шампион, Цибона.
The #ABALiga2 is back!
New format, plenty of new teams and new faces – stay with us for more excitement throughout the season! pic.twitter.com/UkUV2vRY2L
— ABA League 2 (@ABA_League2) October 6, 2025
Регуларниот дел од сезоната во АБА 2 конкуренцијата ќе се игра до 5 март. Од 17 март ќе стартуваат четвртфиналните серии од плејофот. Ќе се играат и на 24/25 март, а ако биде потребно и на 31 март/1 април. Полуфиналето, ќе се одвива во периодот од 7, заклучно со 21/22. април (доколку биде потребно). Финалната рунда ќе почне на 29 април, со првиот натпревар од серијата. Вториот е предвиден за 6 мај, а третиот, ако треба, ќе се игра на 13 мај, 2026 година.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
1. КОЛО
07.10: МЗТ Скопје Аеродром – Вршац
2.КОЛО
22.10: Сутјеска – МЗТ Скопје Аеродром
3. КОЛО
05.11: Студент – МЗТ Скопје Аеродром
4. КОЛО
18.11: МЗТ Скопје Аеродром – Јахорина Пале
5. КОЛО
17.12: Златибор – МЗТ Скопје Аеродром
6. КОЛО
14.01: МЗТ Скопје Аеродром – Војводина
7. КОЛО
28.01: МЗТ Скопје Аеродром – Подгорица
8. КОЛО
03.03: Широки – МЗТ Скопје Аеродром
ТФТ – СКОПЈЕ
1. КОЛО
13.10: Цибона – ТФТ
2.КОЛО
22.10: ТФТ – Војводина
3. КОЛО
04.11: ТФТ – Хелиос Домжале
4. КОЛО
19.11: Широки – ТФТ
5. КОЛО
23.12: Борац – ТФТ
6. КОЛО
21.01: ТФТ – Слобода Тузла
7. КОЛО
03.02: ТФТ – Студент
8. КОЛО
04.03: Јахорина Пале – ТФТ