Почна реконструкцијата на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, ќе трае пет месеци

Реконструкција на бул. Теодосиј Гологанов/Фото: Град Скопје

Градот Скопје отпочнува со изградба и реконструкција на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од раскрсница со булеварот Св.Климент Охридски до кружниот тек со раскрсница улицата М.Х.Јасмин. Увид на почетокот на градежните работи за изградба и реконструкција на „Гологанов“ направи градоначалничката Данела Арсовска.

„Реконструкцијата опфаќа градежни работи на коловозот од 5.350 м2, велосипедска патека и тротоари од 4.500 м2, нови рабници, градежни работи на нова фекална канализација Ф600 мм, изведба на нова водоводна мрежа, ново улично осветлување со лед светилки со контролери“, рече денес на прес-конференција Арсовска.

Со реконструкцијата, според градоначалничката, се овозможува сообраќајница со нови пешачки патеки и велосипедски патеки и дополнителни велосипедски ленти на коловозот.

„Реконструкцијата на оваа улица ги решава секојдневни проблеми на граѓаните од овој дел на општината Центар, а ние посветено работиме во нивен интерес. Рокот на изведба е пет месеци, а Градот Скопје за реконструкција на булеварот М.Т. Гологанов вложува 43 милиони денари. Со овој проект се решава еден голем проблем за жителите кои редовно транзитираат на овој дел на центарот на градот и дополнително се зголемува безбедноста и сигурноста за учесниците во сообраќајот“, рече Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот