Починато бебе донесено во тетовската болница, мајката одбила обдукција

Unsplash
Бебе/ Фото: МИА

Вработена на Одделението за педијатрија во тетовската Клиничка болница вчера, во 9 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавила дека на 9-ти овој месец околу 7 часот женско лице од Република Косово донело шестмесечно бебе без знаци на живот, кое лекарите од ова Одделение се обиделе да го реанимираат, но не успеале во тоа и констатирале негова смрт.

Женското лице од Косово потоа го зело бебето и медицинската документација и заминало одбивајќи да се изврши обдукција.

Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, велат од СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот