
Почина сестрата на Сузана Манчиќ: „Снимав емисија, а душата ми плачеше…“
Поранешната лото девојка и водителка Сузана Манчиќ (66) на социјалните мрежи откри дека починала нејзината сестра Душица.
Препорачано
View this post on Instagram
„Шоуто мора да продолжи… Знаете ли како изгледа животот за нас кои сме во шоубизнисот? Тука е фризурата, тука е шминката, светки светкаат под рефлекторите, се смееме… Но, не постои шминка за тагата во очите“, започнала Манчиќ со фотографијата.
Таа додала дека тажната вест ја затекнала на снимањето на емисијата.
„Вчера снимив три емисии. Душата ми плачеше бидејќи знаев дека некој мене близок и драг засекогаш заминува. Мојата сестра Душица. Амин“, напишала скршената Манчиќ, а во коментарите веднаш почнаа да се нижат изрази на сочувство.
View this post on Instagram
„Една од последните фотографии на Душица Радуловиќ, сестра ми од страната на татко ми, блиска по години и интереси. Кога бевме мали си игравме, се качувавме на дрвото кога одиме кај Пирот, таа секогаш имаше мачки кога беше мала, јас ги имам сега. Последните 25 години ги помина во Атина, што уште повеќе не зближи. Моја Душица беше слабо и силно човечко суштество, самопожртвувана мајка и нежна Нана. Својот вечен дом ќе го најде во Атина, утре. Ќе ја испратиме со многу љубов и ќе го негуваме споменот на таа насмевка“, напишала Сузана покрај фотографијата од Душица што ја објавила на својот инстаграм-профил.
Српските медиуми пишуваат дека сестрата на Сузана Манчиќ починала ненадејно. Двете сестри биле многу блиски, а Сузана често истакнуваше дека секогаш добивала голема поддршка од Душица.
Сузана Манчиќ: Бев најмногу платена во историјата на српското издание на Плејбој
ФОТО | Сузана Манчиќ позираше со ќерка ѝ, сите ја споредуваат со Анџелина Џоли
Сузана Манчиќ со потресна исповед: Изгубив три сина, родив еден во шестиот месец од бременоста!