Почина професорката Татјана Петрушевска од Правниот факултет

ИН МЕМОРИАМ Проф. Татјана Петрушевска

По долго боледување денеска почина професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Татјана Петрушевска, соопштија од факултетот.

Петрушевска беше редовен професор по меѓународно право, право на меѓународните организации, право на меѓународните трибунали, дипломатско и конзуларно право, мултилатерална дипломатија, мултилатерална дипломатија и Организацијата на обединетите нации, право на Европската унија.

„Со нејзината смрт загубивме драга и почитувана колешка и особено ценета пријателка, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог и посветен наставник“, соопштија од Правниот факултет.

Петрушевска има објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови во домашни и странски стручни списанија на теми од областа на меѓународното јавно право и правото на Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот