Фото: Јутјуб

Почина познатата Селма од песната на „Бијело дугме“

Селма Бориќ, жената која беше отпеана во песната на „Бијело дугме“, почина на 92-годишна возраст. Веста за нејзината смрт на Фејсбук ја објави Жељко Бебек, кој постави фотографија со Селма од прославата на нејзиниот 90-ти роденден во август 2019 година.

„Патувај, Селма. Почивај во мирот Божји“, напиша Бебек.

Фото: Фејсбук

Селма Бориќ повеќе пати зборуваше за своето пријателско со Владо Дијак, кој е авторот на култните стихови на песната која ја компонираше Горан Бреговиќ.

„Имав тогаш 16 години. Јас лежев со девојчињата на тревата, а Владо со момчињата лежеше отспротива. Ја скубеше тревата и постојано погледнуваше во мене. Изгледа дека веднаш се заинтересира за мене, а подоцна се сретнавме на корзото. Еднаш ме сретна со куфер, па ми го носеше куферот. Одевме кон станицата, па ми помогна да влезам во возот. Во тој воз имаше скршен прозорец, а тој тогаш ми рече: Селма не се наведнувај преку прозорецот“, раскажа Селма која пред неколку години гостуваше во хрватската телевизија.

Во таа прилика призна дека оваа песна многу ја сака, но дека на почетокот никој не и верувал дека песната и е посветена на неа. Владо никогаш не и признал на Селма дека е заљубен во неа, туку тој тивко страдал за неа полни четири години.

„Тој никогаш не се изјасни, само ме гледаше“, изјави Селма во таа прилика спуштајќи ги рамената.
Селма е родена во Зеница, а се до смртта живееше во Загреб.

Владо Дијак исто така има напишано и книга за Селма која го носи насловот „Кажете и на Селма“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот