Почина познатата југословенска историчарка и политичарка Латинка Перовиќ

Фото: РТС

На 89-годишна возраст денеска во Белград почина југословенска историчарка и политичарка Латинка Перовиќ, објавија српските медиуми.

На само 27 години таа беше претседателка на Антифашистичкиот женски фронт на Србија (АФЖ). Работела како секретар на Сојузот на комунистите на Србија од 1968 до 1972 година. Таа важеше за највлијателната жена во земјата во тоа време и единствената која не ја доби својата позиција поради брак со помоќен сопруг туку врз основа на нејзината интелигенција, способност и амбиција. Во 1972 година, престедателот на тогашна СФРЈ Јосип Броз Тито ја отпуштил од функцијата секретар поради страв дека нејзините уверувања се премногу либерални.

Перовиќ и високиот комунистичи функционер Марко Никезиќ, кому таа му била блиска соработничка / фото: Wikipedia/Стеван Крагујевиќ

Студиите по историја ги завршила и докторирала на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград во 1975 година.

Од 1968 до 1972 година била секретарка на ЦК на Сојузот на комунистите на Србија, кога била сменета со Марко Никезиќ, тогашен претседател на ЦК на СКС, во таканаречената чистка на српските либерали.

Работела во Институтот за историја на работничкото движење – Белград од 1976 до 1998 година.

Била член на Политичкиот совет на Либерално-демократската партија (ЛДП) и на Граѓанско-демократскиот форум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот