Фото: Принтскрин / Јутјуб

Почина познатата актерка Костадинка Велковска, веста за смртта ја потврди нејзиниот син

Почина Костадинка Велковска, хрватска театарска, телевизиска и филмска актерка и пејачка со македонско потекло, потврдува „Индекс“.

Таа почина во неделата на 76-годишна возраст во пензионерски дом. Простувањето ќе биде во четврток, 14 март 2024 година во 14 часот во крематориумот во Мирогој.

„Мајка ми почина во недела вечер во старечки дом. Нè боли нејзиното заминување, но се држиме. Се бореше осум месеци“, потврди Никола за „24сата,“ синот на глумицата.

Костадинка во јули минатата година доживеа мозочен удар, по што беше на интензивна нега во КБЦ Загреб. После тоа се прошири лажна вест дека актерката починала, но тогаш нејзината снаа ја демантираше веста. На почетокот на годината нејзиниот син Никола Подкрајац изјави дека Костадинка била во загрепски дом за стари лица.

Актерката имаше богата кариера. Таа глумеше во сериите „Забранета љубов“, „Комшии засекогаш“, „Нашата мала клиника“, „Не се откажувај“, „Нина“, „Дар Мар“, „Битанги и принцези“… Се оствари и со улогите во филмовите „Процес на бомбардирање“, „Браво маестро“, „Јазол“ и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот