ПОЦ табла/ Фото: МИА

ПОЦ воведе нова паркинг-карта, за 2.000 денари цела недела паркирање во зоните 1 и 2

 

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“  промовираше новите паркинг карти, делејќи информативни флаери низ Дебар Маало.

Станува збор за мулти-неделна паркинг-карта, со цена од 2000 денари, која важи 7 дена и овозможува паркирање на сите комерцијални паркиралишта во зона 1 и зона 2.

Покрај оваа ПОЦ воведува и два вида на гостински карти  наменети исклучиво за жители со склучен кориснички договор – дневна гостинска карта која ќе чини  300 денари и неделна гостинска карта по цена од 1200 денари. Овие гостински карти можат да се користат само на отворени типови паркиралишта, комерцијални и резидентни, во секторот каде што жителот има пријавено живеалиште.

Со оваа активност, продолжуваме со транспарентна комуникација со жителите на општината и креирање практични решенија за секојдневните потреби на граѓаните. Новите паркинг карти се дизајнирани за поголема флексибилност и ефикасност при користење на паркинзите во Центар, и истите можат да се купат на веб страната www.poc.mk  – информираат од ПОЦ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот