По воведувањето на еврото во Хрватска ќе работат помалку менувачници

курсна листа, евро
Евра / Фото: EPA/FEDERICO GAMBARINI

Државниот секретар на Министерството за финансии изјави дека по 1 јануари и воведувањето на еврото ќе продолжат да работат помал број менувачници од сегашните 1.100.

„Може да се претпостави дека помал број субјекти ќе бидат заинтересирани за девизно работење“, рече Здравко Зринушиќ, презентирајќи ги измените на Законот за девизно работење пред хрватскиот Сабор.

Девизниот бизнис, рече тој, ќе го продолжат субјектите на кои тоа им е дополнителна дејност, покрај редовните, како фирми кои поседуваат хотели и слично. Околу 1.100 овластени менувачи остваруваат вкупен годишен обрт од околу 30 милијарди куни, а размената на куни во евра сочинува 93,8 отсто од нивниот промет. Претпоставката е дека менувачниците нема да бидат заинтересирани да продолжат да работат за да се менуваат други валути, информира Хина.

Зринушиќ потсети дека менувачниците работат преку ИТ програми лиценцирани од Хрватската народна банка (ХНБ) и дека од стапувањето во сила на законот ќе имаат рок од три месеци да се прилагодат и да преминат од куната на еврото. Доколку не го сторат тоа, ќе се смета дека не се заинтересирани и таквите лиценци ќе им бидат одземени, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот