По убиството на Сулејмани евакуирани американските работници од нафтените полиња во Ирак

Ирак / Фото: Архива на Слободен печат

Неколкумина веќе заминале, а некои се подготвуваат да заминат, рече Џихад, кој додаде дека „нема влијание” врз производството на нафта во Ирак.

Американските граѓани кои работат на ирачките нафтени полиња се евакуирани од земјата по американскиот напад во кој беше убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани, соопшти портпаролот на Министерството за нафта, Асем Џихад.

Неколкумина веќе заминале, а некои се подготвуваат да заминат, рече Џихад, кој додаде дека „нема влијание” врз производството на нафта во Ирак.

Бројот на американски теренски персонал во вториот по големина производител на сурова нафта веќе се намали во последните неколку месеци, бидејќи тензиите меѓу САД и Иран се зголемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот