По скандалот со малтретирање на стари лица романска министерка поднесе оставка

Фото: EPA-EFE/FREDRIK SANDBERG SWEDEN OUT

Романската министерка за семејни прашања Габриела Фиреа денеска поднесе оставка поради скандал со наводна злоупотреба на домови за стари и возрасни лица со посебни потреби, јавија британските медиуми.

Фиреа (51) е вториот министер во новата влада на Марчело Чолаку што поднесе оставка оваа недела, пред неа беше министерот за труд Мариуш Будај. Обвинителството на 4 јули објави дека покренало кривична истрага против 26 осомничени за шверц на луѓе, измама, фалсификување и создавање криминални групи кои малтретирале стари лица во домови.

По поплаки од невладини организации и соседи, обвинителството упадна во три старечки домови за стари лица во градот Волунтари, во близина на Букурешт, каде што нашле 98 валкани, неухранети, помодрени жртви.

Постарите лица биле изложени на „нехумано или понижувачко постапување“, велат обвинителите, додавајќи дека биле принудувани да работат, физички малтретирани, им била ускратена храна и медицинска нега, хигиена, додека осомничените проневериле имот од 1,18 милиони долари.

Одлуката за оставка Фиреа ја објави на Фејсбук по средбата со Чолаку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот