По руските гранатирања исклучен е резервниот далновод до нуклеарната централа Запорожје

Фото: илустрација/принтскрин

Резервниот далновод до нуклеарната централа Запорожје синоќа беше прекинат поради гранатирање, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

„Резервниот далновод од 330 kV до нуклеарната централа Запорожје (ЗНПП) во Украина беше исклучен доцна синоќа поради штети предизвикани од гранатирање. Ова денеска го изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси“, се вели во објавата на веб-страницата на агенцијата.

Според МААЕ, ЗНПП во моментов продолжува да добива електрична енергија потребна за ладење на реакторот и одржување на други важни функции за нуклеарна безбедност преку надворешен далновод од 750 kV

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот