По предупредувањето од Кина, Белата куќа со смирувачки тон : Вашингтон не сака промени во односите со Пекинг

Белата куќа не сака промена во односите меѓу САД и Кина, вклучително и односите за прашањето за Тајван, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Со овој став тој му одговори на шефот на кинеската дипломатија, Чин Ганг, кој денеска го предупреди Вашингтон дека треба да го промени својот „искривен“ став и да не ризикува конфликт, пренесоа британските медиуми.

„Сакаме стратешка конкуренција со Кина. Ние не бараме конфликт. Нашата цел е да се натпреваруваме, да победиме и апсолутно сакаме да ги задржиме односите на тоа ниво“, изјави Кирби.

Претходно денеска, Чин изјави дека политиката на Вашингтон кон Кина „целосно отстапува од рационалниот и здрав пат“, пренесоа американските меидуми.

„Доколку САД не притиснат на сопирачките, туку продолжат да одат по погрешниот пат, ниту една заштитна бариера не може да спречи излетување од шините, а секако ќе има конфликт и конфронтација“, се закани кинескиот министер.

Чин изјави дека „таквото ривалство е непромислено коцкање, при што влогот се основните интереси на двете нации, па дури и иднината на човештвото“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот