Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

По локалните избори очекувам да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС, вели Ангелов
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов се надева дека по локалните избори ќе биде заокружен процесот на основање на институцијата во која би се обединиле надлежностите на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.
Препорачано
Во телевизиско гостување на Сител, Ангелов изјави дека треба да се променат 19 закони и дека е формирана работна група во Владата предводена од вицепремиерот Љупчо Димовски која веќе работи на оваа проблематика.
– Се работи на спојување, односно би рекол формирање на нова институција која ќе ги обедини функциите на двете постоечки. Разликата кај новата институција е тоа што таа би имала координациска и командна улога бидејќи во овој момент ние како ЦУК координираме, но немаме командна улога – рече Ангелов.
Очекува ова лето да бидат на располагање и трите „ер трактори“ за гаснење на пожари заедно со тројца пилоти, а за потпорниот ѕид што се урна кај Детската клиника во Скопје, рече дека е донесена одлука на Владата да се одвојат средства од Буџетот за санирање.
– Состојбата е специфична, но јас сум оптимист. ДЗС е обезглавена, но Владата работи на изнаоѓање на решение. Убеден сум дека годината во текот на летото ќе ги имаме трите „ер трактори“ заедно со тројца пилоти – рече Ангелов.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
21мин
-
33мин
-
56мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5