По цела деценија, хрватскиот суд го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански лозја“

Хрватски суд го отфрли обвинението против поранешниот македонски министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, за случајот „Раштански лозја”.

Овој случај, околу убиството на петмина Пакистанци во околината на Скопје, е повеќе од една деценија во судот Пула, а тој беше чуван како замрзнат бидејќи Бошкоски беше во затвор, пишува „А1он“.

Бошкоски вели дека со оваа пресуда завршува дводеценискиот политички прогон против него. Бошкоски, по министерската функција мина низ неколку судски процеси, поради кои речиси десет години беше во затвор.

Половина од затворските години беа во Хаг, половина кај нас за случајот “Кампања” за кој повторно се води судски процес, а Бошкоски докажува дека бил политичка жртва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот