фото: facebook.com/FKVardarSkopje

ПМФЛ: Вардар го урна шампионот Струга, одлично деби на Сенев со Брегалница Штип

Денеска во 26 коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) се одиграа пет натпревари во кои фаворитите имаа лош ден.

Актуелниот шампион Струга Трим Лум на стадионот „Борис Трајковски“ – Маџари, Скопје, загуби со 1:0 од Вардар.

Единствениот гол за скопските „црвено-црни“ го реализираше српскиот интернационалец Ѓуриќ во 73 минута.

Новиот тренер на Брегалница Трајче Сенев имаше одлично деби откако неговите играчи на Градскиот стадион во Штип со 1:0 го совладаа Шкупи со погодокот на Ѓоргиев во седмата минута.

Македонија Ѓорче Петров ремизираше со Шкендија (1:1), а истиот резултат го имаше и на натпреварот Воска Спорт – Работнички. На последниот дуел на кој имаше најмногу погодоци, Тиквеш со 3:1 ја надигра Брера Струмица.

Табела: Струга Трим Лум 54 бодови, Шкупи 51, Шкендија 49, Силекс 37, Тиквеш 36, Гостивар 33, Брера Струмица 30, Вардар 29, Работнички 28, Воска Спорт 28, Македонија ЃП 25, Брегалница Штип 25.

ПМФЛ: Реми без голови на Силекс и Гостивар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот