epa09069437 Croatia's Prime Minister Andrej Plenkovic

Пленковиќ: Не е прашање дали, туку кога Хрватска ќе ја признае Палестина

Прашањето не е дали Хрватска ќе ја признае Палестина, туку кога ќе го стори тоа, рече премиерот Андреј Пленковиќ, додавајќи дека неодамнешните признавања од други земји не резултираа со посилен притисок кон прекин на огнот, пренесува Н1.

Единственото можно, долгорочно и реално решение е решение со две држави, повтори премиерот во Сплит, но нагласи дека во пракса сè уште не се исполнети условите за тоа да се случи.

Пленковиќ рече дека го следел говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Генералното собрание на Обединетите нации, кој покажа дека не успеал натамошниот политички притисок преку еднострано признавање на Палестина, што требаше да послужи за постигнување примирје и договор.

Франција, Австралија и Велика Британија се последните големи земји што ја признаа Палестина на на ГС на ОН. Пленковиќ рече дека прашањето за хрватското признавање не е прашање на „да“ или „не’“, туку кога.

Тој додаде дека Хрватска разговара за мирот на Блискиот Исток со различни страни, што вклучува покана до палестинскиот министер за надворешни работи да биде гостин на конференцијата на хрватските амбасадори, посетата на израелскиот шеф на дипломатијата на Загреб или официјалните патувања на хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман на Јордан и Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот