Пленковиќ објави полугодишен план за зачувување на работните места

Пленковиќ појасни дека работодавачот е должен да плати придонеси за финансиска поддршка и дека договорот за вработување не може да се раскине најмалку 30 дена по завршувањето на користењето на поддршката.

Хрватската Влада денеска ги објави мерките со кои ќе и се помогне на државата да задржи поголем број од работните места во компаниите.

Мерките ги претстави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ а со нив се предвидува работа со скратено време, самовработување и помагање на микро – претприемачите во борбата против последиците од пандемијата.

Мерката скратено работно време, како што појасни Пленковиќ, можат да ја користат работодавачите со повеќе од 10 работници со планиран пад од најмалку 20 проценти во однос на истиот месец минатата година, со докази за отежнато работење.

– Мерките се однесуваат на периодот до декември оваа година, рече Пленковиќ.

Тој додаде дека финансиската поддршка ќе изнесува 2.000 куни нето (265 евра) по работник.

Пленковиќ појасни дека работодавачот е должен да плати придонеси за финансиска поддршка и дека договорот за вработување не може да се раскине најмалку 30 дена по завршувањето на користењето на поддршката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот