Ангела Несторовска од „Сектор филм“

Платформата „Продуценти во движење“ ќе има низа активности на Канскиот филмски фестивал

Филмската продуцентка Ангела Несторовска од „Сектор филм“ е избрана да биде дел од овогодишното 25-то издание на #ProducersOnTheMove, кое ќе се одржи пред и за време на Филмскиот фестивал во Кан (14 – 25 мај 2024 година).

Дваесет од најперспективните европски продуценти се избрани да учествуваат во престижната платформа за промоција и вмрежување на „European Film Promotion“, која оваа година слави бројни соработки со повеќе од 500 учесници од 37 европски земји.

Продуцентката Ангела Несторовска станува дел од „Сектор филм“ во 2005 година и има продуцирано повеќе филмови, како „Почва“ на Алекс Цветков, „Насоки“ на режисерот Стефан Командарев, кој беше селектиран на „Un Certain Regard“ на Канскиот филмски фестивал во 2017 година, копродуцент е на „Виа Карпатија“ на Клара Кочанска и Каспер Бажон и се натпреваруваа на Интернационалниот филмски фестивал во Карлови Вари во 2018 година.

Неодамна беше копродуцент на дебитантскиот долгометражен филм „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асимина Проедроу, а во моментов е во постпродукциска фаза на „Момчето со светло-сини очи“ на Танасис Неофотистос.

Покрај тоа, Ангела Несторовска е во претпродукција на „Потстанар“ во режија на Марко Ѓоковиќ, а во развој е на филмскиот проект „A Bear for Comrade Kim“ на Ангел Апостолски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот