Планот за отстранување на нуклеарниот отпад во Фукушима ќе започне во 2021 година

Фото: МИА

Владата на Јапонија го претстави денеска ревидираниот план за отстранување на стопениот нуклеарен отпад од нуклеарната централа Фукушима Даичи, што ќе почне со имплементација во 2021 година.

Тоа е процес за кој се вели дека е најголемата пречка при расчистување на уништениот објект, јавија локални медиуми.

Нуклеарната централа Фукушима претрпе големи штети во земјотресот во 2011 година и цунамито што ја погоди Јапонија, а три реактори тогаш се стопија.

Според владиниот план, најавуван како среднорочен и долгорочен, работата за отстранување на отпадот треба да започне во реакторот број два, во кој се вели дека до 2031 година треба да се заврши отстранувањето на 4.741 шипки за гориво што остануваат во базенот.

Реакторот број 2 беше во функција кога започна кризата, а дел од горивото се растопи. Сепак, зградата во која беше реакторот број 2 не претрпе експлозија на водород и нивото на зрачење се проценува дека е пониско од другите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот