Пјонгјанг ги оцени заедничките воени вежби на Вашингтон и Сеул како „отворена провокација“

Северна Кореја/ Фото: ЕПА

Севернокорејската армија денеска соопшти дека неодамнешната воена вежба на Јужна Кореја и САД е „отворена провокација” и затоа одговори со мерки што симулираат напади врз нивните воздушни бази и воени авиони, објави државниот медиум КЦНА.

Северна Кореја во текот на целата измината недела тестираше повеќе проектили, вклучувајќи го и неуспешниот интерконтинентален балистички проектил (ИЦБМ) и стотици артилериски гранати истрелани во морето, во моменти кога Јужна Кореја и САД спроведуваа шестдневна воздушна вежба, што траеше до саботата.

Воената вежба „Будна бура” (Vigilant Storm) беше „отворена провокација со цел намерно да се зголемат тензиите и беше од многу агресивна природа” кон Северна Кореја, се наведува во соопштението на Главниот штаб на Корејската национална армија, во изјава што ја пренесе официјален претставник на агенција КЦНА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот