Питер Стано: Не се точни шпекулациите дека ќе биде презентиран нацрт-договор за српско признавање на Косово

Портпаролот за надворешна политика на ЕУ, Петер Стано / Фото: Архива

Портпаролот на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Питер Стано изјави денеска дека не се точни шпекулациите во медиумите дека ќе биде презентиран нацрт-договор на состанокот на претставниците на Белград и Приштина во Брисел, според кој се очекува Србија да ја признае независноста на Косово.

„Наше правило не е да  коментираме шпекулации во медиумите. Но, во конкретниот случај, би сакал експлицитно да ги отфрлам шпекулации за утрешната средба на експерти и темите на таа средба. Откако дијалогот се обновува на највисоко ниво, продолжува серија состаноци на експертско ниво. што е дел од тековниот процес. Утрешната агенда ќе вклучува прашања на раселените лица и економска соработка “, наведува Стано во писмената изјава за „Глас на Америка “.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави денеска дека би било „изненадување” на белградската делегација да му биде претставен документ во Брисел, кој, според белградски медиуми, подразбира признавање на Србија на Косово, и оцени дека нема заедничка акција САД-ЕУ кога станува збор за дијалогот.

Според дипломатски извори, Вечерње новости денеска објавија дека белградската делегација, која в четврток ќе отпатува на разговори со Мирослав Лајчак и претставници на приштинските институции во седиштето на ЕУ, ќе им биде предаден нацрт-сеопфатен договор што подразбира де факто признавање на Косово од страна на Србија, јави Бета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот